Полициски службеници од ОВР Кичево ноќеска (22.02.2026) извршиле контрола во казино лоцирано на улицата „Тане Цалески“, при што била пронајдена сомнителна прашкаста материја.
Акцијата била спроведена во 02:40 часот по полноќ. При претресот, полицијата пронашла и одзела две најлонски паковки со остатоци од бела прашкаста материја. Поради сомнение за поврзаност со наркотиците, на лице место од слобода се лишени 23-годишниот Р.Ч. од село Црвевци и 21-годишниот Б.Р. од село Грешница.
Дополнително, за извршување службен разговор во полициската станица биле повикани уште две лица – Ш.Ф. (29) и А.А. (29), двајцата од селото Гарани. Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот, против инволвираните ќе биде поднесена соодветна пријава.


