Рација на полицијата во Тетово - приведени пет жени

Од 23,00 до 04,00 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското сопственост на 29-годишниот Х.А. од Боговиње.

При контролата, во објектот биле затекнати пет странски и шест македонски државјанки. Петте женски лица од Република Србија на возраст од 21 до 29 години приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега