По координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.
Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти.
Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол.
Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Во текот на денот очекуваме повеќе официјални информации од МВР.
- Повеќе земји издадоа итни предупредувања за патување – Хаосот во Франција ја вознемирува Европа
- Силен земјотрес го погоди Таџикистан
- Полицијата на нозе – Неколку исчезнувања пријавени во јужна Србија во рок од неколку дена
- Ја претепал сосетката, се заканил дека ќе ја убие, а потоа монструозно го убил нејзиното куче – Хорор во регионот
- Во Србија регистрирани 60 случаи на заболени од западнонилска треска
- УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Каде беше најтопло, а каде најстудено
- Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница
- Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања


