Турската полиција денеска приведе 357 осомничени лица во голема операција против членови на Исламска држава (ИД), соопштија турските власти. Акцијата е спроведена само еден ден по престрелката во северозападна Турција, во која загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека рациите биле извршени во 21 провинција низ целата земја, како дел од засилените мерки против тероризмот.

Властите ги интензивираа безбедносните активности пред новогодишните прослави, откако разузнавачките служби предупредија на можни напади од страна на Исламска држава.

Претходно, на 25 декември, полицијата во Истанбул спроведе рации на 124 локации, при што беа приведени 115 осомничени членови на ИД. Во тие акции беа запленети оружје и муниција, откако властите добиле информации дека групата планира напади за време на празниците.

Exit mobile version