Во периодот од 6 до 12 октомври, сообраќајната полиција при МВР спроведува засилени контроли за употреба на мобилен телефон и слушалки за време на возење.

„Акцијата е дел од меѓународната ROADPOL кампања „Фокус на патот“, која се одвива истовремено во 34 европски држави.

Употребата на мобилен телефон за време на возење го зголемува ризикот од сообраќајна незгода и до 20 пати!

Вашата концентрација и брзата реакција можат да спасат живот.

Возачи и пешаци – не ризикувајте! Телефонот оставете го на страна додека возите или преминувате улица.

Рацете на воланот, очите на патот – телефонот почекајте го подоцна!“, стои во соопштението од МВР.

Exit mobile version