Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретнат идната недела

Наредната недела работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба. До ваков договор дошло откако по еден член од групите веќе се слушнале и се договориле да се обидат повторно да го стават Законот за јавното обвинителство на маса. Ваквата информација за „Слободен печат“ ја потврдија и во владејачката и во опозициската партија.

Извори во работните групи велат дека на оваа средба ќе се опипа пулсот дали може да дојде до договор за законот да биде донесен до распуштањето на Собранието. Потоа не ја исклучуваат можноста да дојде и до средба меѓу двајцата лидери Зоран Заев и Хритијан Мицкоски.

Во текот на работната средба наредната недела, ако добро оди муабетот може да следува и лидерска средба, велат во работната група на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот предлог на Министерството за правда е доставен до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за правда Законот за јавното обвинителство официјално го нема пуштено во Владата, а потоа и до спикерот на Собранието. Тој им е доставен само на претниците на ВМРО-ДПМНЕ за да можат да го разгледаат и да ги кажат своите забелешки.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во новиот предлог закон, увиделе мали измени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега