Работник во велешка фирма паднал од покрив

Вчера  околу 12.00 часот 58-годишниот велешанец В.А. извршувајќи работни задачи во приватна фирма во Велес, се здобил со повреда, по што бил пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош,информира од СВР Велес портпаролот Верољуб Додевски.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова работникот се здобил со повреди при пад од покрив на една велешка фирма каде работел и се здобил со тешки повреди.

-Работникот итно бил примен во нашата болница и сниман томографски и има повреда, фрактура на 12 тото ребро и фрактура на череп со крварење во мозокот. По укажаната медицинска  помош од велешката болница со возило на Итна помош  итно бил пренесен на понатамошно лекување на Клиниката за Неврохирургија во Скопје,информира д-р Неделковска Николова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега