Работник во фабрика во Кавадарци починал откако тешко се повредил на работно место

Кавадарчанец починал откако се здобил со повреди работејќи во фабрика, информира МВР.

- На 01.12.2020 во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци, 51-годишниот Д.И. од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде им подлегнал на повредите. Бил извршен увид на местото од страна на увидна екипа, Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа