Работник со повреди на главата и ребрата итно пренесен во болница

Во 11 часот во СВР Охрид, од болницата Св.Еразмо, било пријавено дека кај нив бил донесен 47-годишниот С.Б. од Охрид со тешки телесни повреди во пределот на главата и ребрата.

Поради сериозноста на повредите, С.Б. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. 

С.Б. додека изведувал градежни работи на покрив, демонтажа на лесонитни табли, во еден момент паднал од покривот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

 

 

26.04.2018 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа