Работник паднал во длабока дупка во Скопје - со Итна помош бил префрлен во болница

 

Работник се здобил со тешки повреди откако паднал во длабока дупка во Скопје.

-Вчера во 09:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“ бил донесен повреден 52-годишниот С.С. од Скопје ваработен во градежна фирма додека извршувал работни задачи на објект на ул.Беласица паднал во дупка длабока 1,5 м. Со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“ каде од лекар  му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е запознаен трудов инспектор - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега