Работници за малку ќе се загушеле во бункер: Шпанската полиција открила подземна фабрика за цигари

Шпанската полиција пронашла илегална фабрика за цигари во која се пронајдени и шест странски работници кои би се загушиле ако полицијата не ги ослободила.

Уапсени се 12 британски државјани за кои се сомева дека ја воделе фабриката.

Импрвизираната фабрика за цигари всушност беше бункер под шталите во јужната провинција Малага, а во неа се произведуваче по 3.500 цигари на час.

Шпанската полиција тврди дека ова е првата откриена подземна фабрика за цигари во цела Европа.

Полицијата во бункерот пронашла шест украински и литвански работници кои едвај дишеле бидејќи генераторите кои биле со довод на воздух пресанале да работат бидејќи немале плин.Претходно во текот на денот властите уапсиле 20 лица поврзани со криумчарење на цугари, но никој он нив не и споменал на полицијата дека неколку работници останале затворени во бункерот.

Работниците во паника го удирале во вратата на бункерот и викале додека полицијата ја претресувала областа. Офицерите на крајот ги пронашле работниците и ги ослободиле.

Шпанските власти заплениле 153.000 пакувања цигари, повеќе од 17 тони тутун, 20 кг хашиш и 144 кг марихуана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега