Работа од соништата: Преселете се на Исланд со пријателите - добивате плата и 3 месеци патување по светот

 

Ако размислувате за одмор на море, можеби сепак е подобро да ги одложите плановите. Имено, исландскиот авиопревозник WOW Air покрена натпревар од сонишатата.

Исланд бара „туристички водич“ чија задача ќе биде да патува низ светот и да го документира сето тоа, заедно со совети и искуства, и да го објавува на социјалните мрежи.

Среќниот водич ќе мора да се пресели во Исланд, а со себе имаправо да поведе и еден пријател. Ако сакате и плата, нема проблем, како ви звучи 3600 евра? Секако, и вашиот пријател го чека месечен надоместок за трите месеци додека трае ангажманот.

Прво одберете го пријателотсо кој што сакате да одите, а потоа кликнете на страницата WOW TravelGuide на која морате да исполните пријава и да објавите кратко видео за вашиот град (од 30 секунди до 2 минути) во кое ќе шармирате и ќе се борите за хит работата ова лето. 

Погледнете го целиот процес на видеото:

 

 

 

25.05.2018 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа