Раб: Верувам дека Џонсон ќе се извлече, бидејќи е борец

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб денеска изјави дека е уверен дека британскиот премиер Борис Џонсон „ќе се извлече, бидејќи е борец”.

 Џонсон синоќа беше префрлен на одделот за интензивна нега во болницата „Сент Томас” во Лондон, откако неговата здравствена состојба попладнето се влоши поради коорнавирусот. Денеска тој примил кислород, но не бил приклучен на респиратор, јавија претпладнето британските медиуми.
 
-Уверен сум дека  ќе се извлече, бидејќи ако постои една работа што ја знам за овој премиер, тоа е дека  е борец, рече Раб на прес конференција, додавајќи дека заболувањето на премиерот било шок за целата влада., пренесе „Гардијан”.
 
 Раб пренесе и дека Џонсон му побарал да го замени на премирската функција се додека тоа биде неопходно, додаваат британските медиуми.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега