Путин за коронавирусот: Русија е на третото место во светот по бројот на заразени, но имаме мал процент на смртност

Според Владимир Путин, Русија била подготвена да одговори на пандемијата на коронавирусот и рускиот јавен здравствен систем покажал флексибилност и подготвеност за ангажман.

Путин на државната телевизија „Русија 1“ изјави дека рускиот здравствен систем ефикасно се соочил со пандемијата на коронавирусот, благодарение на тоа што бил систематски подготвуван во текот на претходните години и децении.

Тој додаде дека руските здравствени работници покажале одлично ниво на стручност.

„Знаеме и веќе зборувавме за тоа дека немаме доволно високо специјализирани доктори и мораме да ја подобриме професионалната обука намедицинскиот персонал, но се покажа дека во суштина нашата земја може да се носи со предизвиците со кои се соочи целиот свет“, изјави претседателот на Русија.

Путин нагласи дека и руските власти навремено реагирале на ширењето на пандемијата во другите земји и меѓу другото, со затворањето на границите.

„Веднаш кога се појави вирусот, ние започнавме моментално да реагираме“, изјави Путин.

Рускиот претседател изјави дека иако Русија се наоѓа на третото место во светот по бројот на заразени со коронавирус, сепак земјата го има еден од најмалите проценти на смртност.

„Засега, му благодарам на Господ, така е. Се надевам дека ќе продолжи да биде така, или пак дури и ќе биде подобро, со оглед на тоа што ситуацијата се подобрува“, изјави првиот човек на Руската Федерација, Владимир Путин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега