Путин за коронавирусот: Борбата против пандемијата не е завршена, не смееме да се опуштаме

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјавил дека борбата против коронавирусот не е завршена, што значи дека е неопходно сите граѓаните да бидат многу внимателни и одговорни за себе,но и за оние кои ги опкружуваат.

„Морам повторно да нагласам , борбата против епидемијата не е заврпена, таа продожлува. Не смееме да се опуштиме. Сакам да се обратам до сите наши граѓани - ризикот од заразата е огромен, ве молам да бидете одговорни за сите наши граѓани“, рекол Путин.

Путин воедно и апелирал граѓаните да ги почитуваат сите совети на докторите за да се сочува здравјето на целата нација, но и да се избегне повторно воведување на мерките за ограничување на движењето.

„Денес за оваа болест знаеме повеќе од тогаш. Знаеме како да се однесуваме, какви мерки да воведуваме. Се зависи само од напорот на граѓаните во борбата против ширењето на инфекцијата“, нагласил Путин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега