Путин утре ќе стави потпис на декрет за присоединување на уште четири делови од Украина

Русија најави дека утре официјално ќе припои уште четири делови од Украина.

Церемонијата на потпишување документи за присоединување на нови региони кон Русија ќе се одржи на 30 септември во 15 часот, изјави прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков.

Според портпаролот на Кремљ, на настанот се очекува долг говор на рускиот лидер Владимир Путин.

„ Утре во Големата палата на Кремљ, во салата Свети Ѓорѓи, во 15 часот ќе се одржи церемонијата на потпишување на договорот за влез на нови територии во Руската Федерација“, рече Песков.

Тој додаде дека договорите за пристапување на регионите кон Русија ќе бидат одобрени уште пред да се разгледаат во Советот на Федерацијата сите прашања поврзани со овие процеси.

Претходно беше објавено дека шефовите на Луганската и Доњецката народна република отишле во Москва на разговори со Путин.

За време на церемонијата Путин ќе одржи голем говор, по што ќе се сретне со лидерите на непризнаените Народни републики Доњецк и Луганск, како и со регионите Керсон и Запорожје, каде од 23-ти до 27-ми септември беше одржан референдум за пристапување кон Руската Федерација.

29.09.2022 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега