Путин: „Спутник В“ е сигурен како калашников

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската вакцина е „исто толку сигурна како „калашников”.

 Коментарот беше даден за време на видео-конференција со вицепремиерката Татјана Голикова. Ова се случи откако здравствените власти на земјата регистрираа верзија со една доза на руската вакцина „Спутник“, наречена Спутник лајт.

 

Споредбата на Путин се однесува на оружјето од времето на Советскиот Сојуз, кое останува популарно и широко користено до денес. Рускиот претседател цитираше коментар првично направен од австриски лекар на почетокот на оваа година за ефективноста на руската вакцина. Верзијата на Спутник со две дози е веќе дозволена за употреба во многу делови на светот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа