Путин: Санкциите на Западот кон Русија предизвикаа глобална криза

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека санкциите на Западот кон Русија им штетат на економиите на земјите кои ги воведуваат и прават глобална криза.

„Овие санкции во голема мера предизвикуваат глобална криза. Нивните автори, водени од кусогледите надуени политички амбиции, русофобијата, ги кршат нивните национални интереси, сопствената економија и благосостојбата на своите граѓани“, рече Путин на состанокот на економски прашања.

Исто така, како што оцени рускиот лидер, продолжувањето на политиката на „опседнатост со санкции“ кон Русија ќе доведе до најкомплицирани и речиси неповратни последици за граѓаните на Европската унија и за најсиромашните земји во светот.

12.05.2022 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа