Путин: Русија ќе ги укине санкциите за Европската Унија, ако Брисел го направи истото

Русија ќе ги укине реципрочните санкции кои ги воведе за земјите од Европската Унија што ЕУ ги укине санкциите за Русија, изјавил денеска рускиот претседател Владимир Путин.

-Таа мерка нема да ги воодушеви претприемачите од областа на земјоделието, Морам да кажам дека доколку ЕУ ги укине антируските санкции, Москва ќе мора да ги укине реципрочните мерки - навел Путин.

Претходно рускиот претседател за време на разговорот со делегацијата француски политичари во склоп на руско-францускиот дијалог рекол дека Русија ќе направи се што е можно за да ги поправи односите со Франција, како и со другите земји на Евроспката Унија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега