Путин разговараше со Макрон и Меркел за одржување состанок на Нормандиската четворка

Во телефонските разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин разговараше за можноста за одржување состанок на министрите за надворешни работи на Нормандиската четворка, изјави пред новинарите портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Во телефонските разговори со Макрон и Меркел, Путин повеќепати ја потенцираше потребата од засилена работа за одржување состанок на министрите за надворешни работи на Нормандиската четворка“, изјави портпаролот на рускиот претседател, пренесе ТАСС.

„Во принцип, сите страни се согласуваат со тоа. Но, сè уште не е утврден датумот“, рече Песков по повод изјавата на Макрон дека се договорил со Путин и со украинскиот претседател Владимир Зеленски за одржување министерски состанок на Нормандиската четворка.

„Како што веројатно знаете, соработниците на претседателот и политичките советници продолжуваат да работат. Тие треба да генерираат некаков вид дневен ред. Тоа засега останува проблем“, рече портпаролот на Кремљ.

Макрон претходно изјави дека на Нормандиската четворка (Русија, Украина, Германија и Франција) гледа како на најкорисна платформа за решавање на кризата во Украина.

Макфакс

01.06.2021 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега