Путин: Првата вакцина против коронавирусот во светот е регистрирана во Русија- вакцината ја тестирала и неговата ќерка

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина против вирусот корона  во светот е регистрирана во Русија.

„Колку што знам, утрово за прв пат во светот беше регистрирана вакцина против вирусот корона“, рече Путин на состанокот со членовите на владата.

Претседателот на Русија истакнал дека знае оти вакцината работи доста ефикасно, се формира стабилен имунитет, вакцината и ги поминала сите потребни проверки.

Путин исто така изјавил дека очекува масовно производство на руска вакцина против вирусот корона во блиска иднина.

Рускиот лидер им се заблагодари и на сите што работеа на првата вакцина и истакна дека тоа е многу важен чекор за целиот свет, пренесува „Спутник“.

Тој дополнил дека вакцината ја тестирала и неговата ќерка.

На 11 март, Светската здравствена организација објави епидемија на нов вирус на корона, Ковид-19, за пандемија. Според најновите податоци, до денес се заразени над 20 милиони луѓе во светот, од кои повеќе од 739 илјади починале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа