Путин: Пандемијата полека се повлекува- бројот на новозаболени опаѓа, но прерано е да се опуштиме

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека пандемијата со коронарниот вирус постепено се повлекува и дека стапката на смртност во Русија е задоволителна во споредба со другите земји.

"Бројот на пациенти се намалува. Бројот на луѓе кои, фала му на Бога, оздравеа, неодамна го надмина бројот на новозаболени", рече Путин на владината седница.

Путин посочи дека показателите за пандемијата во Русија се подобри отколку во многу други земји, пренесува РИА Новости.

"Имаме околу 12 пациенти на 100.000 жители. Тоа е четири пати помалку отколку во многу европски земји", додаде рускиот претседател.

Во исто време, Путин посочи дека е рано да се релаксира во борбата против вирусот   и дека треба да се почитуваат сите мерки на претпазливост и да има резерва на болнички кревети, според ТАС С.

Тој побара од сојузните и регионалните власти да продолжат кохерентно да се борат против ширењето на вирусот корона.

Путин процени дека околу 68 милиони Руси треба да се вакцинираат против вирусот корона.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега