Путин нема големи очекувања за руската репрезентација на Светското

 

 Рускиот претседател Владимир Путин нема големи очекувања за претставувањето на домашната репрезентација на СП 2018, а во исто време очекува Бразил, Аргентина, Шпанија и Германија да се борат за титулата.
 
Во интервју за кинеска медиумска група, Путин изјави дека главната цел на Русија е „да обезбеди подобра организација на Светското првенство и да го претвори во вистински празник за милиони фудбалски фанови низ целиот свет“. Русија е домаќин на Мундијалот првпат, а натпреварите ќе се играат во 11 градови на земјата од 14 јуни до 15 јули.
 
Путин рече дека ќе присуствува на натпреварот на отворањето меѓу Русија и Саудиска Арабија и во финалето, како и на повеќето натпревари, ако програмата му го овозможува тоа. 
 
Тимот на Русија, кој одигра 1:1 со Турција во контролна средба во вторникот, нема победа во 2018 година и не е меѓу фаворитите на Мундијалот, а Путин ги сподели скромните очекувања.
 
- За жал, нашиот тим не се радува на добри резултати во последно време. Но, ние, сите навивачи и љубители на фудбалот во Русија, имаме големи надежи дека фудбалерите ќе се претстават добро ... и ќе ќе се борат до крај, додаде рускиот претседател. 
 
Во врска со фаворитите, Путин ги спомена Бразил и Аргентина.
 
- На претходните светски првенства германскиот тим се претстави блескаво, шпанскиот исто така игра убав фудбал. Сигурно ќе има и други претенденти за титулата, но само најдобрите ќе победат, прокоментира Путин. 
 

 

 

06.06.2018 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа