Руската Федерација назначи нов амбасадор во Скопје. Претседателот Владимир Путин потпиша указ со кој Дмитриј Зиков е именуван за нов извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.

Информацијата е официјализирана преку документ објавен на рускиот официјален интернет портал за правни акти. Според текстот на указот:

„Зиков Дмитриј Константиновиќ се именува за извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.“

Зиков стапува на функцијата во период на затегнати дипломатски односи меѓу двете земји, со оглед на тоа што Северна Македонија е на списокот на „непријателски држави“ на Русија.

Exit mobile version