Путин: На граѓаните не смее да им биде наметнато вакцинирањето

На граѓаните на Русија не смее да им биде наметнато вакцинирањето против коронавирус, туку да бидат убедени дека вакцинирањето е потребно.

"Нашата главна задача засега е да се зголеми стапката на вакцинираност во земјата. Многу е важно луѓето да се убедат дека треба да се вакцинираат и дека само на тој начин можеме да ја стопираме епидемијата", рекол шефот на руската држава.

Тој нагласи дека поголемиот дел од луѓето разбираат дека вакцината нѝ е потребна за да ги спасиме и нашите најблиски.

"Тука не може ништо да се наметне, но треба да се објасни", додал Путин.

Рекол дека "луѓето тешко ја поднесуваат епидемијата и сите владини органи кои учествуваат во борбата против неа носат голема одговорност".

"Секако, луѓето се изморени. Речиси никогаш не се случила ваква неволја. Јасно е дека оваа подмукла епидемија која се враќа, прави навистина големи проблеми", завршил Путин.

21.07.2021 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега