Путин му кажа “не” на Западот: Нема да присуствува на Минхенската безбедносна конференција

 

 
 

 

Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува на Минхенската безбедносна конференција, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков за Спутник.

Настанот ќе се одржи во живо од 18-20 февруари за прв пат по две години, а ќе се разговара и за украинската криза.

На прашањето дали оваа точка е во распоредот на рускиот лидер, Песков беше дециден: „Не“.

Минхенската безбедносна конференција се одржува секоја година од 1962 година. Во првите години, на неа присуствуваа главно претставници на Северноатлантскиот сојуз, а од 1990-тите им се приклучија Русија, Кина, Јапонија, Индија и други земји.

Во својот говор во 2008 година, претседателот Владимир Путин остро ја критикуваше надворешната политика на САД и идејата за монополарен светски поредок. Потоа остро реагираше на проширувањето на НАТО и распоредувањето на американската ПРО во Источна Европа.

 

27.01.2022 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега