Рускиот претседател Владимир Путин на својата традиционална годишна прес-конференција упати остри пораки до украинските власти, обвинувајќи ги дека свесно го блокираат патот кон мирно решение. Путин нагласи дека Русија и понатаму е подготвена за дијалог, но дека не гледа реална волја кај Киев за решавање на територијалните прашања.
„Киев одбива мирно да го заврши конфликтот и не покажува подготвеност за територијални отстапки. Сепак, Москва забележува одредени сигнали дека дијалогот е можен,“ изјави Путин пред повеќе од 600 новинари.
Тој потсети на настаните од 2022 година, тврдејќи дека Русија била принудена да реагира по „државниот удар“ во Украина и војната во Донбас.

