Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека Москва е подготвена за одредени територијални отстапки во рамки на мировните преговори со САД и Украина, но нагласи дека регионот Донбас не е предмет на дискусија. На состанокот на Државниот совет во Кремљ, тој прецизираше дека градовите како Краматорск, Константиновска и Славјанск мора да останат под руска контрола.

Според извештаите на влијателниот весник „Комерсант“, Путин истакнал дека иако е можна „делумна територијална размена“, стратешките цели на Русија во источниот дел на Украина се веќе дефинирани. Тој исто така ги оцени неодамнешните промени во американските предлози како знак на „слабост“ по нивните консултации со европските партнери.

Она што особено привлече внимание е потврдата дека Русија и САД директно преговараат за управување со нуклеарната централа Запорожје, целосно заобиколувајќи го Киев во овој процес.

Exit mobile version