Путин конечно одговори: Откри дали планира да биде претседател на Русија доживотно

Рускиот претседател Владимир Путин  вчера се изјасни против доживотен мандат како претседател на државата, истакнувајќи дека тоа не може да го реши прашањето на транзиција на моќта и стабилноста во таа земја,.

утин тоа го изјавил на состанокот со ветераните од Втората светска војна во Санкт Петербург, кога еден од учесниците замолил да реши поедини проблеми во врска со Уставот, така што моќта на претседателот на биде ограничена со мандат.

Ветеранот рекол дека Путин успеал да ги зајакне одбранбените капацитети на Русија и дека сега би требало да почне да решава други прашања.

Путин на сето тоа истакнал дека враќањето на стилот на вледеење од 80-те би бил многу вознемирувачки.

„Разбирам дека многумина се загрижени за стабилноста во друштвото, и надворешната и внатрешната стабилност во државата. Меѓутоа, би било многу вознемирувачки да се вратиме во ситуација на вообичаените 80-ти, кога лидерите останувале на власт до своите последни години од животот, а потоа заминувале, без да создадат услови за транзиција на моќта“, рекол Путин, пренесува Тасс.

Рускиот претседател во средата говорел и за состојбата на нацијата пред парламентот, па изјавил дека е согласен со тоа дека претседателот не треба да има повеќе од два мандати иако тоа прашање за него не е од голема важност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега