Путин ќе ги помилува членките од „Пуси рајот“?

Владимир Путин по повод 20-годишнината од донесувањето на Уставот на Руската Федерација до парламентот упати предлог-решение за амнестија на 25.000 затвореници, пренесе „Русија денес“.

Меѓу нив се и членките на рускиот панк бенд „Пуси рајот“ и активистите на Гринпис.

- Според решението кое што руската Дума треба да го разгледа и усвои најдоцна до крајот на декември, од затвор ќе бидат ослободени околу 1.300 лица и уште 17.500 кои не се во затвор ќе бидат ослободени од издржување казна, а судските процеси против 6.000 луѓе ќе бидат прекинати – изјави потпретседателот на Дума Владимир Васиљев, пренесе „Интерфакс“.

Амнестијата се однесува на оние лица кои направиле само по еден престап и чија што казна е помала од пет години.

10.12.2013 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега