Путин има една голема желба за пензионерските денови

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја посети српската престолнина по четврти пат во неговата политичка кариера.

66-годишниот Путин обожава да патува и тоа воопшто не му паѓа тешко, но проблемот е што него го интересираат малку поинакви патувања – без голема придружба, камери, набиен распоред и премногу луѓе.

Иако веќе долго време владее со Русија, како премиер и претседател, и Путин еден ден ќе се пензионира, а откри и како сака да ги помине пензионерските денови.

„Сакам успешно да ја завршам кариерата“, му рече Путин на еден работник за време на посетата на Чељабинск, што беше еден од ретките моменти кога големиот лидер го спуштил гардот пред јавноста и прозборел за личниот живот.

„Многу сакам да патувам. Денес сите патувања ми се сведуваат на стигнување на аеродром, отседнување во хотел и пак враќање на аеродром. Би сакал да патувам поинаку. Да одам некаде во природа, да видам уште неколку туристички дестинации“, рече Путин.

Со оглед на тоа дека не зборува премногу за својот личен живот, самово уште едно интервју има откриено дека често оди на викенд во дивина каде негов пријател има куќа. Таму, вели тој, единствено може да се одмори баш како што сака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега