Путин и кинескиот претседател согласни: Соработката продолжува без оглед на промените во светот

 

Кина е подготвена да ја продолжи меѓусебната поддршка и соработка со Русија кога станува збор за прашањата од суверенитетот и безбедноста, изјави кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Тој денеска оствари телефонски разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

„Без оглед на глобалните промени во светот, кинеско-руските односи сè уште имаат добра развојна динамика“, рече Шји, а пренесе кинеската државна телевизија.

15.06.2022 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа