Путин и Ердоган со средба во Сочи

 

 

В понеделник во црноморскиот град Сочи ќе се сретнат .рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Таа средба е можна и се подготвува“ изјави портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков, пренесе Ројтерс.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу претходно денеска изјави дека Ердоган и Путин в понеделник ќе разговараат за кризата во Сирија.

„Сакаме да постигнеме разрешување на сириската криза по политички пат. Претседателот Ердоган ќе ја разгледа ситуацијата во Сирија со претседателот Путин в понеделник“ рече Чавушоглу.

Како што е наведено наредниот перид, во Истанбул ќе има уште една средба меѓу помошниците на лидерите на Русија, Германија, Турција и Франција,разовор кој ќе биде посветен на ситуацијата во Сирија.

 

 

 

14.09.2018-14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега