Путин го предупреди светот: „Штотуку ми се јави Трамп, мора да се подготвиме за тоа што доаѓа“

Претседателот на Русија Владимир Путин, порачал дека неговата земја успеала да го успори ширењето на коронавирусот, но дека треба да бидат подготвени во случај истото да се забрза.

Тој исто така ги пофалил мерките за ограничување на движењето, какви што се воведени во Москва и оценил дека и другите делови на Русија треба да бидат подготвени на таков чекор.

Во Русија има 1.863 заразени лица од коронавирусот, од кои 9 починати, но бројот на заразени лица почнал нагло да расте.

Претходно, на иницијатива на претседателот на САД, рускиот претседател Владимир Путин, телефонски разговарал со Доналд Трамп.

Двајцата изразиле сериозна загриженост поради размерот на ширење на коронавирусот во светот и се известиле меѓусебно за преземањето на мерки и ‘отстранување’ на ваквата закана за двете земји.

Исто така тие разговарале и за можностите за блиска соработка во борбата против Ковид-19, соопштиле од Кремљ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега