Пустинскиот песок криел тајна стара 1200 години: Откриена најстарата џамија во Израел

Археолози денес соопштија дека во Израел се откриени остатоци од најстарата рурална џамија на светот, изградена во времето кога Исламот ппристигнал во светот.

Израелската агенција за антиквитети проценува дека џамијата, откриена непосредно пред новата конструкција во бедуинскиот град Рахат во пустината Негев, била изградена во 7 или 8 век, објави Ројтерс.

Постојат големи џамии за кои се знае дека биле во Ерусалим и Мека од тој период, но ретко е да се најде таква древна исламска капела која веројатно припаѓала на заедницата на локални фармери, вели Гидеон Авни,експерт за антиквитети.

На локалитетот се ископани остатоци во форма на правоаголенобјект, од прилика со големина на гаража за еден автомобил, со молитвеник свртен према југ, односко кон Мека.

"Ова е една од најстарите џамии познати уште од почетокот на доаѓањето на исламот во Израел по арапското освојување на 636", рече Авни.

Откривањето на селото и џамијата во нејзина близина е значаен придонес во изучувањето на историјата за време на овој бурен период, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега