Пукање во училиште во САД, има повредени

Најмалку едно малолетно лице е тешко повредено, откако во средно училиште во Арканзас, од оружје пукал еден ученик, пренесуваат американските медиуми.

Инцидентот во средното училиште Вотсон Чепел во Пајн Блаф се случил на првиот ден кога училиштата во окрузите се вратиле на целодневна настава, по повеќемесечните ограничувања поради коронавирусот.

Според претставници од училишниот округ, сите кампуси се затворени, а полицијата пристигнала на лице место за да ја држи под контрола целата ситуација.

Како што навеле од полицијата, осомничено машко лице, чија возраст засега е непозната, се наоѓа во притвор. Малолетникот, кој е застрелан е жив, но во тешка состојба.

Сите ученици се на безбедно, а пукањето е окарактеризирано како „изолиран инцидент“.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега