Пукање во средно училиште во Вирџинија: Две лица се повредени, напаѓачи и во други училишта во близина?

 

Пукање се случило во средно училиште во градот Њупорт њуз во сојузната американска држава Вирџинија, а евакуацијата на учениците е во тек, објави полицијата. Според првите информации, две лица се пренесени во болница и наводно нивните повреди не се опасни по живот. Според локалната полиција, информациите за пукањето во други училишта се лажни.

Во соопштението од полицијата на Њупорт њуз се наведува дека полицајците излегле на местото на настанот и дека истрагата е во тек, пренесува АП.

Во тек е евакуација на учениците од гимназијата Херитиџ, и тие се префрлени на тениските терени, каде што ќе можат да се сретнат со своите родители, наведе полицијата.

Според локалните медиуми, засега нема детали за повредените, но и за тоа дали напаѓачот или повеќе од нив се фатени, бидејќи истрагата е во тек.

20.09.2021 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега