Пукање во Скопје - пронајдени 12 чаури во дворовите на двајца скопјани

Шеесетгодишниот Ф.К. од Скопје во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека вчера слушнал пукање, по што излегол во дворот од куќата на ул. „Места“ и пронашол осум чаури.

Според пријавеното, исто така, и кај неговиот роднина Ф.К.(46) од истата улица биле пронајдени четири чаури и еден неиспукан куршум.

МВР информира дека шовредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа