Пукање во Сингелиќ: Рането едно лице

Вистинска драма се случувала вчеравечер во скопската населба Сингелиќ. 

Според информации од МВР, на 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

19.05.2022 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега