Пукање во село Бојане скопско- едно лице со прострелна рана, другото со убодна пренесени во болница

Две лица повредени, едно од огнено, другото од ладно оружје во меѓусебна пресметка во село Бојане, скопско.

-На 28.07.2021 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ќ.(23), М.Ќ.(30) и Г.Ќ.(25), сите од село Бојане, скопско, поради сомнение дека на 27.07.2021 околу 22.40 часот, пред угостителски објект во ссело Сарај, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир, поради претходно меѓусебно нетрпение, во кое биле употребени огнено оружје и остар предмет, велат од МВР.

Притоа со повреди од огнено оружје се здобил В.Ќ, a со повреди од остар предмет Ф.М., по што биле пренесени во Градска општа болница „8 Септември“, односно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Трите лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

28.07.2021 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега