Пукање во Германија, убиени 6 лица - полициската акција е во тек

Во пукање во германскиот град Рот ам Зе убиени се најмалку 6 лица, јавуваат медиумите.

Германската полиција објавила на Твитер дека е во тек голема акција во тоа место од околу 5.200 жители, после пријавеното пукање.

Според првичните информации напаѓачот е во притвор. Билд пренесува дека станува збор за маж роден во 1983 година.

Како што наведуваат полициските извори, напаѓачот и жртвите се познавале така што станува збор за „лични причини“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега