Пукање во близина на угостителски објект во Аеродром

Доцна синоќа во 01.28 часот во СВР Скопје, А.С.(46) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, едно лице во два наврата во воздух испукало проектили од огнено оружје.

-Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и биле пронајдени три чаури од огнено оружје, кои се подигнати од екипа од СВР Скопје за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа