Пукање во Батинци

 

Во 23,35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ш.А. пријавил дека во селото Батинци, додека неговиот брат, 36-годишниот Р.С. се движел со патничко моторно возило „БМВ Х5“, од непосредна близина на гробиштата во селото неколку лица, од кои двајца  ги  познавал – З.Н. и Б.Б. и со кои предходно имал нерасчистени односи, пукале кон неговото возило, а потоа избегале.

Повредени лица нема.

На местото на настанот извршен бил увид и се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

23.10.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега