Пукал во поранешната сопруга пред бебето, па почнал да трча - детали за драмата во Белград

25-годишна девојка Т.Ј. е тешко повредена во Нов Белград, кога во неа пукал нејзиниот поранешен сопруг, 25-годишниот Д.Ј., кој веднаш потоа пукал во себе.

Имено тој пукал во Т.Ј. додека во количка било неговото бебе. Момчето испукало 3 куршуми во неа, а потоа почнал да трча во труг правец.

Попат удирал и во минувачи, меѓу кои имало и деца, кои во тој момент биле на улицата, и според изјавите на очевидците бил видно бесен.

На околу 200 метри подалеку тој си пукал во глава.

Двајцата со тешки повреди биле префрлени на Ургентен центар, на одделението за реанимација.

Како штоп неофицијално дознаваат медиумите во Србија, во тек била нивната бракоразводна парница, а девојката пред неколку месеци се пресилила од нивниот стан кај своите родители, заедно со нивното ете.

Според непотврдени информации, тој имал забрана за приоѓање на жената.

Очевидците рекле дека веднаш по пукањето ја слушнале мајката како вика„Зарем ова не можеше никој да го спречи“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега