ПСЖ: Не е добро што Нејмар и Мбапе се поврзуваат со Реал

 
Во Пари Сен Жермен се вознемирени што двете најголеми ѕвезди на тимот, Нејмар Да Силва и Килијан Мбапе се поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.
 
Сопственикот на тимот, Насер Ал-Хелаифи призна дека се плаши од потенцијални трансфери, но нема да толерира можни преговори „зад сцената“ со европските шампиони за двајцата најдобри играчи на ПСЖ.
 
- Не е поволна ситуација и ние разговаравме за тоа со Реал. Ниту еден клуб не треба да зборува за нашите играчи, тоа дава слика дека работата се одвива „зад сцената“ и тоа не вознемирува, изјави Ал-Хелаифи за шпанска „марка“.
 
Бизнисменот од Катар вели дека има голема почит кон Реал Мадрид, предводен од претседателот Флорентино Перез и верува дека тоа е взаемно.
 
- Ние сакаме такво разбирање од сите клубови, не само од Реал. Важно е да има дијалог и несоодветни тактики да не се користат, додаде тој.
 
Според шпанските медиуми, Реал за трансфери во јануари подготвил дури 370 милиони, а Нејмар и Мбапе се на врвот на листата на желби.
 

 

 

14.09.2018-14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега