Психолог од Скопје со потег за пофалба: сите жртви средношколки можат да ми се обратат за психолошка помош

Македонија ја тресе скандалот од групата „Јавна Соба“ на Телеграм, а сведоштвото на младата Ана од Кавадарци која била жртва на оваа група предизвика бура реакции.

Меѓу многуте кои ѝ дадоа поддршка за потегот е и психологот Ана Попризова.

Ана, училишен психолог и гешталт терапевт, на својот Фејсбук профил напиша:

„По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош.

Ќе направиме мрежа на поддршка!

Ве молам споделете“, напиша психологот на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега