Психијатар открива: Во таа жена живеат неколку личности- ја убила својата сестра и ја ставила во замрзнувач па 20 години поминувала покрај него

Психијатарот Мирјана Назор го открила своето мислење во врска со страшното злодело во Хрватска, кој е откриен неодамна.

Имено тело на жена која е исчезната пред 20 години е пронајдено во замрзнувачот на нејзината сестра.

-Со оглед на тоа дека не знам детали за случајот и не ја познавам обвинетата, ако е точно делото, можам да кажам само едно, дека не се работи за менталноздрава личност.Никој нормален не би можел да го направи тоа, и не би можел ни 5 дена да поминува покрај телото на мртвата сестра во замрзнувачот, а камо ли 20 години- рекла таа.

За хрватските медиуми таа го прокометирала случајот.

-Може да се работи за нестабилна личност, а може во таа жена да живееле и неколку личности.Ако никј од нејзините блиски не забележал некаква промена, значи дека успевала да го задржи позитивниот дел од своите личности, додека оној изопачениот дел успевала да го задржи за себа.

Додава и дека ако ментална здрава личност изврши некакво дело има потреба да го признае истото.

-Во овој случај таа ја ставила сестра си во замрзнувач, крј кој со години поминувала, па можно е дека на тој начин сама себе се казнувала зошто немала сила да се пријави во полицијао секој случај вакво пореметување не може да се излечи.Ќе мора доживотно да биде на лекови, а судиите треба да одлучат дали казната ќе ја помине во затвор или во некоја друга психијатриска установа- рекла таа и додале дека мотив за убиството може да биде љубомора или користољубивост.

Потсетуваме дека Јасмина исчезнала пред 19 години, а семејството нејзиното исчезнување го пријавило 5 години подоцна.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега