Првпат по шест недели, пад на цените на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска благо се зголемија, но неделава се очекува првпат да паднат, по шест недели раст, заради стравувањата од побарувачката во случај на втор бран од заразата со коронавирусот.

 

Цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар денеска  се зголеми за 20 центи или 0,52 проценти во однос на претходното тргување, достигнувајќи 38,75 долари. Претходниот ден цената падна за повеќе од еден долар.

Откако рано денеска падна за повеќе од пет проценти, цената на барел нафта на американскиот пазар се стабилизира на 36,49 американски долари и подоцна се зголеми за 15 центи или за 0,41 отсто во однос на затворањето ден претходно .

Референтните цени на нафтата се на пат да забележат неделна загуба од повеќе од осум проценти, што е нивен прв неделен пад по шест недели раст.

 

Растот на цената на нафтата е стопиран од стравот дека можеби крајот на пандемијата на коронавирус не е ни приближно на видикот, со оглед на тоа дека приближно половина од државите во САД бележат раст на нови случаи на инфекција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега