Прво појавување на Ријана откако се породи: Покриена од глава до пети (ФОТО)

Поп ѕвездата Ријана беше фотографирана за прв пат откако се породи минатата недела и го доби своето прво дете со раперот Асап Роки.

Веста дека добила син го обиколи светот пред неколку дена, но според тврдењата на американските медиуми пејачката всушност се породила на 13 мај.

Иако во текот на целата бременост ја шокираше јавноста со разголените комбинации на облека, првите фотографии по породувањето покажуваат дека таа сега е поинаку расположена.

Имено, таа се прошета по улиците на Лос Анџелес во опуштена и лежерна комбинација, односно широк дуксер и панталони.

Таа остана верна на себе и на својот стил, а сепак додаде впечатлив златен накит.

Да потсетиме, раѓањето на синот на Ријана и го честиташе поранешниот партнер Крис Браун, со кој беше во врска од 2007 до 2009 година, а која заврши неславно кога музичарот ја претепа.

 

21.05.2022 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега