Првите анализи покажуваат каков експлозив е користен: Направата била под седиштето на Страхиња а активиран е од далечина

 

Првите анализи на поставениот експлозив под џипот на Страхиња Станојковиќ во Белград покажуваат дека е користен експлозив пластичен P500, попознат како Ц-4. На тоа укажуваат и остатоците од џипот, бидејќи последниве години овој експлозив се користеше во пресметките на мафијата на белградските улици.

- Да беше поставен посилен експлозив, уништувањето на самото возило ќе беше далеку поголемо, а патниците сигурно немаше да преживеат - наведува соговорникот од истрагата.

- Во овој случај, експлозивот е поставен директно под возачкото седиште, и се активирал од далечина, наведува изврот.

На сличен начин, беше разнесен Синиша Милиќ Боске, главниот оперативец на кланот на Лука Бојовиќ и Филип Кораќ.

Тој беше убиен во јуни 2018 година на семафор во Автокоманда, во Белград.

Потоа се користеше Ц-4, а се активираше со повик од мобилен телефон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега